Нов удар за Челси – крај на сезоната за Рудигер

Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер поради повреда ќе го пропушти финишот на сезоната. Германскиот интернационалец во второто полувреме на првенствениот меч против Манчестер Јунајтед кој заврши без победник 1-1.повторно го повреди менискусот на коленото, па врз него во текот на денешниот ден ќе мора да биде извршен хируршки зафат.

Цела сезона се мачи со повредата на менискусот на коленото, а по мечот на „Олд трафорд“ одлучи да замине на операција, како трајно би го решил проблемот кој го мачи подолго време. Рудигер ќе ги пропушти последните две кола во Премиер-лигата во која Челси се бори за едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, како и полуфиналните дуели од Лигата на Европа против германскиот Ајнтрахт Франкфурт.

Рудигер сезонава во дресот на тимот од „Стемфорд бриџ“ забележа 44. настапи и е клучна алка во одбраната во тимот на Маурисио Сари.

Се вчитува...