Рикардо е кандидат за замена на Перез во 2025 година

Искусниот Формула 1 возач Даниел Рикардо се враќа во најбрзиот шампионат во светот каде до крајот на сезоната ќе го менува Ник де Вриј во болидот на Алфа Таури.

Австралиецот по крајот на минатата сезона остана без возачко место, новата сезона ја започна како тест возач во Ред Бул, а до крајот на сезоната ќе се обиде со најлошиот болид на шампионатот да направи чудо кое ќе му донесе место во првиот тим на Ред Бул.

За ова говореше и првиот човек на австрискиот тим Кристијан Хорнер кој сепак изјави дека промена на едно од возачките места нема да има ни следната година со оглед на договорот на Серхио Перез кој е активен до 2025 година.

„Во овој момент имаме план за до крајот на сезоната и не размислуваме многу за тоа што следи. Го позајмивме Даниел на Алфа Таури до крајот на сезоната. Јасно е дека Макс и Серхио ќе бидат наши возачи и следната сезоната, но секогаш е добро да имаме талентиран возач како замена. Верувам дека Даниел периодот поминат во Алфа Тури го гледа како шанса да се покаже како кандидат за место во Ред Бул 2025“, нагласи Хорнер.

Се вчитува...