„Рикошет“: Бентакур во Тотенхем, Закарија во Јувентус

Трансферот на Дејан Кулушевки од Јувентус во Тотенхем нема да биде единствениот кој овие два тима ќе го остварат оваа зима откако по стапките на несудениот македонски репрезентативец ќе тргне и Родриго Бентакур. 24-годишникот ќе биде продаден за 19 милиони евра, а овој трансфер може да се зголеми и за дополнителни 6 милиони евра со бонуси.

Заминувањето на Бентакур, Јувентус ќе го поплни со Денис Закарија, фудбалер на Борусија Монхенгладбах за кој постоеше интерес и од останатите гиганти на европскиот фудбал, но најконкретна во преговорите беше „старата дама“. Трансферот е веќе договорен, а остануваат само да се одредат деталите од истиот.

Пристигнувањето на Кукушевски на „Хотспур“ предизвика уште едно заминување, а тоа е Брајан Гил кој ќе се пресели во Валенсија. 20-годишниот Шпанец до крајот на сезоната ќе биде на позајмица, а шпанскиот клуб ќе има опција за откупување на договорот.

Се вчитува...