Рим домаќин на Европското атлетско првенство во 2024 година

Советот на европската атлетика на видео седница донесе одлука Рим да биде домаќин на Европското првенство 2024 година. Познато е дека тоа ќе се одржи во август, а точниот термин ќе биде дополнително одреден. Главниот град на Италија за противник го имаше полскиот Катовице, но на крајот беше донесена одлука Рим да биде домаќин на најдобрите европски атлетичари.

„Чест ми е да објавам дека најдобрите атлетичари на стариот континент за медали ќе се борат во Рим. Италија многу пати во историјата покажала дека е подготвена да ги организира најголемите спортски настани во светот“, изјави претседателот на европската атлетска федерација Добромир Карамаринов. 

 

Се вчитува...