Италијанските калчолигаши се бесни на премиерот Џузепе Контре поради одлуката и понатаму да стои забраната за отворање на тренинг – центрите за фудбалските клубови. Спротивно на ова, од 4.мај на граѓаните ќе им биде дозволено да џогираат во парковите. Една од опциите, која веќе ја најавија римските клубови Рома и Лацио, е тимовите да тренираат во јавните паркови до 18.мај, за кога е најавено ново олабавување на мерките и дозвола за отворање на тренинг – базите на клубовите.
„Некој што се натпреварува во индивидуален спорт може да тренира, а играчот во тимски спорт не може воопшто да тренира надвор. Каква е оваа одлука? На крајот ќе ги видиме Чиро Имобиле и Един Џеко како трчаат во паркот Вила Боргезе како обични граѓани што џогираат, а Лоренцо Инсиње ќе трча на брегот на морето во Неапол. Ова е апсурдно“, искоментира претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Натпреварувањето во Серија А се најавува дека ќе продолжи во првата половина на јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА