Ристовски: Секој натпревар е важен, мораме до што повеќе бодови во СЕХА и во ЛШ

Ракометарите на Вардар 1961 утре од 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ги очекува првиот натпревар оваа година, против Војводина во СЕХА-лигата.

За денеска е планиран единствениот комплетен тренинг на тимот, по враќањето на македонските репрезентативци, а ќе недостасуваат единствено Иван Чупиќ и Патрик Валчак.

„Можеби не очекува не така атрактивен натпревари и привлечен за јавноста, но за нас важен затоа што сакаме да го стартуваме овој втор дел со победа. Всушност секој натпревар е важен, без разлика против кого и да играме. Со оглед и на ситуацијата со коронавирусот и на отсуството на репрезентативците работевме некомплетни. Значи, во повеќе аспекти мораме да бидеме претпазливи, затоа што пак ќе повторам иако не се работи за некој сериозен противник, меѓутоа мораме ние сериозно да пристапиме. И нашиот пристап биде максимален 100%, бидејќи сакаме да ја почнеме оваа втора полусезона со триумф и со добра игра. Во месец февруари кој е пеколно тежок за нас мора да извлечеме што е можно повеќе бодови во ЛШ, но секако и во СЕХА-лигата“ – вели голманот на Вардар, Борко Ристовски.

Се вчитува...