Ристовски: Што има ние да размислуваме за Гибралтар, видете во какви лиги настапуваат нашите репрезентативци

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Членот на португалски Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски добро знае дека Македонија мора успешно да се носи со улогата на фаворит на дуелите од Лигата на нациите. Така е и сега за првиот меч со Гибралтар, во кој македонските фудбалери влегуваат со апсолутната фаворитска улога.

„Нема зошто да бегаме ние од фаворитска улога во групата во Лигата на нации. Зошто ние би размислуваме за Гибралтар? Факт е дека и можеме и мораме да бидеме тие од кои ќе стравуваат во ова натпреварување. Погледнете само ја листата на клубови и лиги во кои настапуваат нашите репрезентативци, Италија, Шпанија, Англија… Затоа мора да веруваме во себе и така да настапуваме на секој натпревар“ – вели Ристовски пред дуелот во четврток и дополнува:

„Нормално, сето тоа не значи дека треба да се потценува противникот. Напротив, против секој тим мора максимален ангажман затоа што во модерниот фудбал се е можно. Но, секако во ова натпреварување другите нека размислуваат за нас. Сега сакаме најпрво победа против Гибралтар, а потоа ќе се фокусираме на мечот против Ерменија во Скопје“.

Се вчитува...