Ристовски заработи повреда на тетивата против Арсенал, еден месец пауза!?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски заработи повреда на вчерашниот натпревар за Спортинг Лисабон против Арсенал во Лигата на Европа.

Ристовски при еден дуел непосредно пред крајот на првото полувреме се здоби со повреда на тетивата, поради што веднаш мораше да го напушти дуелот.

Според првичните информации, како што пренесуваат португалските медиуми, македонскиот фудбалер го очекува еден месец пауза. Но, прецизни информации ќе има по денешните детални прегледи. Доколку, се покажат тврдењата на Португалците за точни, тогаш Ристовски ќе ги пропушти последните два натпревари на Македонија во групата од Лигата на Европа кои не очекуваат следниот месец против Лихтенштајн и Гибралтар.

Се вчитува...