Ривалдо до Нејмар: Никогаш нема да бидеш како Пеле

Бразилците се повеќе ја губат верба во Нејмар како предводник на една нова шампионска генерација откако талентираниот голгетер не успеа да се наметне како лидер во текот на целиот мундијал, на крајот губејќи во четвртфиналето против Белгија.

Поранешниот ас на „кариоките“, легендарниот Ривалдо, смета дека со настапот во Русија Нејмар само го потврдил она што многумина веќе го знаеле – дека тој никогаш нема да ја достигне величината на Пеле.

„Тој сака да биде најголем, но факт е дека Нејмар никогаш нема да го стигне Пеле. Тој играше на четири мундијали и освои три титули, за Нејмар ова беше второ СП и повторно остана без трофејот. Пеле има и над 1.000 голови во кариерата, нешто што е недостижно за Нејмар“ – изјави Ривалдо.

Се вчитува...