Ривалитетот се заборава: Хајдук и бројни клубови со поддршка за Загреб по силниот земјотрес

Наспроти борбата со коронавирусот, Загреб утрово го разбуди уште една природна несреќа, силен земјотрес со силина од 5,5 степени според Рихтер. Оштетена е загрепската катедрала, но и голем број згради во центарот на градот.

Во тешките моменти најголемиот ривал на загрепски Динамо, сплитски Хајдук испрати поддршка за град Загреб и на сите негови жители, а навивачите на Хајдук порачаа дека „не е време за поделба…“

„Држи ни се наш Загребе, на терен сме ривали и на трибини, но сега мора да се држиме заедно“ – е  само еден од коментарите од Сплит.

Се вчитува...