РК Металург подготовките за новата сезона ги почнува на 29. јули

Ракометниот клуб Металург подготовките за новата сезона ќе ги почне на 29. јули, за кога е закажан првиот собир во Автокоманда. На 6. август македонскиот прволигаш заминува за Копаоник каде до 12. август ќе ги одработи висинските подготовки за новата сезона.

Потоа „металурзите“ продолжуваат на два подготвителни турнири. Најпрво ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи кој ќе се одржи од 15. до 19. август. Од 22. до 25. август ќе бидат дел од турнирот во Кањижа.

Завршниот дел од подготовките тие ќе го одработат во Автокоманда.

Се вчитува...