РК Вардар со победа над Борац Бања Лука ја стартуваше новата сезона

Европскиот ракометен шампион Вардар, со победа над Борац Бања Лука од 34-30 на турнирот во Требиње, ги почна подготовките за новата сезона.

Иако е прв натпревар во подготвителниот период, во тимот во кој има доста промени како на играчки така и на тренерски кадар, „црвено-црните“ уште на самиот старт ја покажаа разликата во квалитет. Тие го преземаа водството уште од почетокот на натпреварот, а на полувреме заминаа со предност од шест гола 18-12.

Во второто полувреме се играше гол за гол за конечна победа на „вардарци“ од 34-30.

Вечер Вардарци ги очекува вториот меч, против домаќинот на турнирот Леотар.

Се вчитува...