Робен останува во Баерн Минхен и во следната сезона

По Франк Рибери кој потпиша договор на уште една сезона, верноста кон Баерн Минхен ја потврди уште една ѕвезда на тимот – Арјен Робен.

Иако се најавуваше дека одлуката ќе ја донесе дури по завршувањето на сезоната, Холанѓанецот реши уште сега да ја заврши работата и потпиша нов договор со Баерн со важност до следниото лето. Продолжувањето на соработката е потврдено на два дена пред финалето на Купот на Германија во кое Баерн ќе игра против Ајнтрахт предводен од нивниот иден тренер, Хрватот Нико Ковач.

Робен (34) во Баерн дојде во 2009 година од Реал Мадрид. Оттогаш со германскиот клуб освои седум шампионски титули во Германија, четири Куп титули и титула во Лигата на шампионите.

„Сакам да почнам уште една сезона. Беше болно испаѓањето во полуфиналето до Лигата на шампионите, а бев и суспендиран, што болеше уште повеќе. Затоа сакам следната година да ја искористам секоја шанса, да постигнувам голови и да бидам важен дел од тимот“ – изјави Арјен Робен.

Се вчитува...