Роберт Кубица останува во Формула 1

Роберт Кубица е блиску до договор со Алфа Ромео Заубер каде следната сезона треба да биде тест возач.

35-годишниот полски возач кој во 2019 година во болидот на Вилијамс освои еден бод ќе биде задолжен за тестирање на болидот.

Проблемите на Кубица со десната рака поради несреќата од 2007 година и натаму претставува проблем за искусниот возач поради што во квалификациите многу помладиот Џорџ Расел го победи со 21-0. Но, поради искуството Кубица е исклучително ценет, а за неговите услуги беа заинтересирани Хаас и Рејсинг Поинт.

Се вчитува...