Роберт Стојановски: Победата е најважна…, бевме свесни дека нема да можеме 90 минути во ист ритам поради неколку фактори

Роберт Стојановски, асистентот на селекторот Благоја Милевски, кој денеска од клупата го водеше националниот тим до победата од 0-1 против Казахстан, поради суспензијата по жолтите картони на Милевски, ја потенцираше важноста од трите бода за Македонија од ова тешко гостување.

Стојановски нагласи дека победата е повеќе од заслужена, и покрај тоа што македонската селекција одигра две различни полувремиња.

„Кога во една реченица би се сумирал натпреварот би гласело: Победата е најважна. Одигравме две различни полувремиња, и ние како како стручен штаб во голема мера бевме свесни дека не чека ваков меч. Бевме свесни дека по оној интензивен натпревар со Белгија, играчите нема да може да одиграат 90 минути во ист ритам“ – рече Стојановски на прес-конференција во Астана и дополни:

„Во второто полувреме договорот беше да играме позатворено во втората зона за да се зачува енергијата за финишот. Едноставно мораше да одиграме на тој начин, факт е и дека Казахстан нападна посерозно во втората половина од второто полувреме но ние го контролиравме мечот. Едноставно, имавме долг лет, имавме тежок интензивен меч пред три дена, игравме на вештачка трева и сето тоа требаше да го земеме во предвид за да дојдеме до посакуваната победа која сосема ја заслуживме“.

Се вчитува...