Како што се ближи крајот на сезоната, така се поголеми стануваат предизвиците во Лигата на шампионите. Енди Робертсон има сезона за паметење во дресот на Ливерпул, но левиот бек утре ќе се соочи со најголемиот можен предизвик – пресметка со Лео Меси и Барселона.
„Знаеме коолку е значајно, но сепак не верувам дека треба да имаме специјални подготовки во однос на било кој друг натпревар. Секако, играме против најдобрите фубалери во светот, Меси дефинитивно е број 1. Можете да гледате „видео клипови“ од него, и јас самиот гледам, но се сомневам дека може да ми помогнат кога ќе излезам на теренот против Аргентинецот. Тој се поставува по десната страна од нападот, но може да се запре само со колективна игра бидејќи го има насекаде по теренот. Еден момент го напаѓа десниот бек, па оди кон средина и ги дрибла централните дефанзивци… Ќе мораме да бидеме на висина на задачата за да го запреме“ – предупредува Робертсон.
Ливерпул денеска ќе отпатува за Барселона, по што ќе биде познато дали во тимот ќе се најде Роберто Фирмино, кој поради повреда го пропушти последниот премиерлигашки дуел со Хадерсфилд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА