Енди Робертсон важеше за еден од најдобрите пријатели на Диого Жота во Ливерпул, а шкотскиот дефанзивец во своето последно интервју се осврна на големата загуба кога португалскиот ас го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа.
„Тешко е, тешко е да се опиште тоа, да се говори за тоа, дури и денеска… Она низ што минавме е страшно. Имавме играчи кои тогаш доаѓаа во клубот, скапи фудбалери со богати договори, им требаше некој да ги пречека, да ги прими, да им помогне… а стигнаа во клуб со скршено срце. Искрено ми е жал за тие момци, ни приоѓаа, сакаа да зборуваат за фудбал, за тактика, а ние бевме како духови. Никому не му беше до фудбал, тоа е вистината… загубивме еден од најдобрите пријатели и таа болка ја носевме со себе, не можевме да ја надминеме“, истакна Робертсон.
Тој само неколку седмици пред смртта беше специјален гостин на свадбата на Жота…
„Не можев да поверувам… му бев на свадба, а неколку седмици подоцна морав да присуствувам на неговиот погреб. И тоа искрено ми паѓаше најтешко, пресвртот од голема среќа до смрт и тага… да гледаш како едно такво семејство се распаѓа… кога ќе се осврнам на се, имавме многу осцилации затоа што во одредени моменти ни недостигаш одлучност. И колку и да некому делува погрешно, воодреден дел од мечевите ни доаѓаше мисла: Во што е поентата, видете низ што минува семејството на Жота… Ние не загубивме соиграч, туку пријател, човек што беше секогаш со нас, извонредно човечко суштество и тоа секако остави длабока трага“, изјави шкотскиот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
