Робин ван Перси верува во Арсенал: Ќе ми биде мило кога ќе ја освојат титулата

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Робин ван Перси, смета дека актуелниот лидер во Премиер-лигата конечно може да ја освои титулата по долго време.

Арсенал моментално е на првото место во Премиер-лигата со осум бодови и натпревар повеќе од Манчестер Сити.

„Ова е период кога секој бод е многу важен. Ги чекаат неколку тешки натпревари. Шампионите се покажуваат во такви ситуации. Последната серија е секогаш најтешка, но мислам дека можат да ја освојат титулата по долго време. Ќе бидам среќен ако се случи тоа“, изјави Ван Перси.

Холанѓанецот помина осум години во Арсенал и за тоа време одигра 192 натпревари на кои постигна 96 голови, додека неговиот единствен трофеј во Лондон беше ФА Купот. Премиер-лигата ја освои кога се пресели во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...