Манчестер Сити по шести пат во последните седум години ја освои Премиерлигата, а овојпат до последното коло го следеа фудбалерите на Арсенал. Сепак, „граѓаните“ славеа против Вест Хем во последното коло и подигнаа уште еден пехар во ерата на Пеп Гвардиола.
Повторно еден од клучните луѓе беше Шпанецот Родри, кој по освојувањето на титулата зборуваше за тоа што му донесе предност на тимот од Манчестер пред „топчиите“.
„Искрено, мислам дека одговорот е во главата. Се работи за менталитет. Арсенал одигра неверојатна сезона, ја заслужи титулата, но мислам дека разликата беше во главата. Се сеќавам кога дојдоа на нашиот стадион, си помислив: „Овие момци не сакаат да не победат, тие сакаат само нерешено. И успеавме да ги фатиме. На крајот на денот, ако ни дадете шанса за бод, ќе освоиме се што треба до крајот. На крајот се се сведува на менталитетот“, изјави Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА