Родри е топ-засилување: Цел меч без промашено додавање

Манчестер Сити во одличен натпревар го совлада Шахтјор со 0-3, стрелци на головите беа Марез, Гундоган и Хесус, но најдобар поединец на теренот беше Родри.

Шпанскиот играч за врска беше перфектен на средината на теренот, успешно реализирајќи ги сите додавања во текот на 90-те минути игра. Тој имаше вкупно 82 додавања и сите завршија во нозете на соиграчите, уште еден доказ дека Родри е одлично засилување за Сити, по трансферот вреден 70 милиони евра од Атлетико Мадрид.

Со тоа, шпанскиот интернационалец го израмни рекордот на Барѕалји, кој последен имаше стопроцентна успешност во додавањата на мечот меѓу Јувентус и Спортинг во октомври 2017 година.

Се вчитува...