Хируршкиот зафат врз Родри мина без никакви проблеми, по што лекарите прогнозираат брзо враќање на асот на Манчестер Сити на фудбалските терени.
За потсетување, Родри одигра мундијал за паметење предводејќи ја Шпанија до светската титула, плејмејкерот беше избран и за МВП на светското првенство, но веднаш потоа беше објавено дека мора да замине на операција на грбот за да го санира проблемот што го мачи веќе последно време.
Се стравуваше од пауза од неколку месеци, но последните информации говорат дека Родри би можел да се врати во тимот до крајот на месец август. Рехабилитацијата нема да трае долго и шпанскиот ас некаде кон средината на август ќе може да се приклучи на тимски тренинзи, по што самиот клуб ќе донесе одлука кога тој ќе го има своето деби во новата сезона.
Останува и да се види дали тој клуб ќе биде Манчестер Сити или Реал Мадрид, ако се знае дека Родри одбива да го продолжи договорот што му истекува следното лето, а „кралевите“ најавија дека ќе тргнат во офанзива за негов потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
