Родригез со порака до Баерн: Сакам да се вратам во Реал!

Веднаш по завршувањето на своите активности на Светското првенство во Русија, колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез испрати порака до Баерн Минхен.

Како што пренесува „Марка“, Родригез им порачал на челниците на Баерн дека ова лето сака да се врати во Реал Мадрид, иако договорот за позајмица меѓу двата клуба трае две години.

Според информациите, по заминувањето на Зидан од клупата на „кралскиот клуб“ тој би сакал да се наметне кај новиот тренер Хуан Лопетеги за место во стартните 11 на Реал. Претседателот Флорентино Перез, наводно, нема ништо против 27-годишниот фѕдбалер да се врати во клубот, но проблем претставува финансискиот договор со Баерн поради двегодишната позајмица.

Се претпоставува дека мадриѓаните му оставиле опција на Баерн по две години да имаат право да го откупат неговиот договор за цена од околу 50 милиони евра. Па, токму таа финансиска клаузула сега би можела да претставува проблем. Хамес Родригез своја шанса за ново докажување во Реал Мадрид гледа и по заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот.

Се вчитува...