Ројс сака Батшуаи да остане, но Борусија Дортмунд мора да плати 60 милиони евра

Напаѓачот на Челси, Мичи Батшуаи, ужива во својата позајмица во Борусија Дортмунд откако во зимскиот преоден рок мораше да го напушти „Стемфорд бриџ“ поради слабата минутажа. Белгиецот се покажа како адекватна замена за Пјер – Емерик Обамејанг, уште по своето деби влезе во голгетерска форма и се наметнува во тимот како човек од одлука.

Повеќе од задоволни се челниците на клубот, кои веќе размислуваат целосно да го откупат договорот на голгетерот и да го задржат на „Сигнал Идуна парк“. Но, проблемот е во неговата цена, односно колку бара Челси. „Сините“ поставија цена од 60 милиони евра за неговите услуги, за „милионерите“ висока сума.

Марко Ројс исто така е задоволен од настапите на Батшуаи и целосно го поддржува раководството да го оствари овој ангажман, за 24-годишниот напаѓач да остане во тимот и по крајот на оваа сезона

„Мичи е одличен фудбалер. Тој неколку пати покажа дека може да биде многу важен играч за нас, секако дека би сакал да остане тука. До крајот на сезоната несомнено ќе ни помогне да ги оствариме нашите цел, се надевам дека ќе обезбедиме пласман за Лигата на шампиони за следната година, така би можеле да го убедиме да остане уште долго време во Дортмунд“, истакна Ројс.

Во Бундес-лигата и во Лигата на Европа одигра вкупно девет натпревари на кои постигна седум гола, вклучувајќи ги и двата против Ајнтрахт Франкфурт изминатиов викенд кои обезбедија три бода во финишот од средбата, а на „милионерите“ им ги зголемија шансите за пласман во ЛШ.

 

Се вчитува...