Рома го промовираше Александар Коларов (ФОТО)

Рома и официјално го претстави новото свое засилување, левиот бек Александар Коларов кој за пет милиони евра ги засилува редовите на „волчицата“ доаѓајќи од Манчестер сити.

31-годишниот Србин потпиша тригодишен договор со римскиот прволигаш, најавувајќи успешни сезони за Рома која ќе се бори за титулата…

„Многу сум среќен што сум во Рома. Ќе го дадам максимумот од себе за успесите на Рома. Верувам дека во иднина ќе ги радуваме навивачите на тимот кои очекуваат од нас трофеи“ – истакна Коларов на промоцијата во новиот дрес.

Коларов во 2010 година му се приклучи на Манчестер сити од Лацио, градскиот ривал на Рома, а за англискиот клуб настапи на повеќе од 200 натпревари и успеа да освои две титули во Премиер лигата.

Се вчитува...