Рома го торпедираше Торино

Рома многу полесно од очекувањата го скрши отпорот на Торино, лесно триумфирајќи над тимот на Синиша Михајловиќ со убедливи 4-1. Мечот беше решен во почетните дваесет минути, во кои Џеко и Салах со силни и прецизни удари го матираа Џо Харт, носејќи брза предност од 2-0. Третиот гол за Рома воедно беше и најубав на средбата, откако една исфрлена топка по корнер дојде до Паредес, а овој со „проектил“ од над 25 метри ги крена на нозе домашните фанови на „Олимпико“.

Единствениот гол за Торино, за намалување на 3-1, беше дело на Макси Лопез, кој беше прецизен во 84. минута, пред Наинголан во судиското продолжение да ги постави конечните 4-1 на овој натпревар.

Рома останува на второто место на табелата со 56 бода, два повеќе од третопласираниот Наполи, но дури седум помалку од лидерот Јувентус.

Edin Dzeko Goal HD – AS Roma 1-0 Torino – 19… by eurofootballhd1Mohamed Salah Goal HD – AS Roma 2-0 Torino – 19… by Bundes-LigaLeandro Paredes Goal HD – AS Roma 3-0 Torino… by enteritamentMaxi Lopez Goal HD – Roma 3-1 Torino 02.19.2017 HD by allsportusaRadja Nainggolan Goal HD – Roma 4-1 Torino 02… by riqeziii

Се вчитува...