Рома и со играч повеќе не успеа да победи против Беневенто (ВИДЕО)

Рома одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај Беневенто во натпревар од 23. коло во италијанската Серија А. Римската волчица имаше играч повеќе уште од 57. минута, кога Полјакот Глик доби втор жолт картон. Избраниците на Фонсека не успеаја да ја искористат бројчаната предност и на крајот освоија само бод на гостувањето кај еден од најсимпатичните тимови во лигата.

Рома во моментов е на 3. позиција на табелата со 44 бода, додека Беневенто е 15. со 25 бода.

 

 

Се вчитува...