Рома има амбициозен план, го сака Хуан Мата на „Олимпико“

Италијанскиот калчолигаш Рома не може да се помири со фактот дека не успеа да го доведе Алжирецот Ријад Марез од Лестер, но веќе има нов план. Спортскиот директор на „волчицата“, Мончи, сега има уште поамбициозен план и сака на „Олимпико“ да го доведе играчот за врска на Манчестер јунајтед, Хуан Мата.

Рома оди на картата дека Мата нема да има голема минутажа кај Жозе Мурињо во претстојната сезона. Се очекува Пол Погба да добие поофанзивна улога во средниот ред, а новото засилување Немања Матиќ да му го чува грбот од позадина. Мата ќе треба да се бори за место во составот заедно со крилните играчи Мхитарјан, Марсијал, Рашфорд, со оглед дека Лукаку ќе ја добие улогата на централен напаѓач.

Оттаму и идејата на Мончи да понуди 35 милиони евра за ангажман на Хуан Мата. Останува да се види каков ќе биде одговорот од „Олд Трафорд“ и од самиот фудбалер.

Се вчитува...