Рома не се откажува од Марез, ама тргна и по Мунир Ел Хадади

Италијанскиот калчолигаш Рома се обидува да ја засили навалната линија во завршницата од летниот преоден рок. Спортскиот директор Мончи се уште води преговори со Лестер за Ријад Марез, но од друга страна ја стартуваше и резервната опција за ангажман на Мунир Ел Хадади од редовите на Барселона.

Лестер не сака да го продаде Марез за сума под 40 милиони фунти, а тоа е сепак премногу за „волчицата“. Доколку преговорите продолжат во негативна насока, тогаш Рома ќе се обиде да го доведе Мунир Ел Хадади, и тоа на позајмица. Тој одигра една сезона како позајмен играч во Валенсија, а не е во најтесните планови на Ернесто Валверде на „Камп Ноу“, па сигурно повторно ќе замине во друга средина.

Се вчитува...