Рома победнички низ Азербејџан

Италијанскиот калчолигаш Рома стигна до првата победа во групата Ц од Лигата на шампионите, триумфирајќи на гости против Карабах со 1-2. „Волчицата“ беше подобар противник и успеа брзо да обезбеди водство.

Костас Манолас во седмата минута донесе предност за Рома, а Един Џеко во 15.минута зголеми на 0-2. Сепак, Карабах преку Педро Енрике намали во 28.минута. Но, тимот од Азербејџан немаше сили за да стигне и до позитивен резултат на овој меч.

Се вчитува...