Рома понуди 33 милиони евра за Ријад Махрез

Италијанскиот калчолигаш Рома е заинтересиран за ангажман на алжирскиот интернационалец Ријад Махрез од премиерлигашот Лестер. Спортскиот директор Мончи и новиот тренер Еузебио Ди Франческо во него ја гледаат замената за Мохамед Салах, кој ова лето замина во Ливерпул.

Рома е подготвена да понуди 33 милиони евра за Махрез, но тоа е далеку од цената за која Лестер би го продал крилниот играч. „Лисиците“ за него имаат одредено сума од 55 милиони евра, а најголем интерес покажува Арсенал.

Се вчитува...