Рома продолжува со шопингот: Купен е Дефрел, следен е Марез

Длабоко во сенката на супер-засилувањата на Милан, директорот на Рома, Мончи, на свој вообичаен начин купува играчи кои допрва ќе станат ѕвезди на европскиот фудбал. Така, „волчицата“ го комплетираше доаѓањето на Грегори Дефрел голгетерот на Сасуоло на чиј ангажман инсистираше тренерот Ди Франческо, кој лани имаше извонредна соработка со овој фудбалер.

Мончи по повеќе од еден месец преговори конечно успеа да најде заеднички јазик со Сасуоло, Рома ќе плати пет милиони евра за едногодишна позајмица, а „волчицата“ воедно е обврзана следниот јули целосно да го откупи неговиот договор за дополнителни 15 милиони евра што римскиот клуб ќе ги исплати на четири рати. Голгетерот треба во текот на денешниот ден да пристигне во Рим, а по лекарските прегледи веднаш ќе отпатува за САД каде Рома се наоѓа на подготовки.

Веднаш по комплетирањето на овој трансфер Мончи своето внимание го насочува кон Ријад Марез, кој би требало да биде најзвучно засилување на Рома летово и да го замени Салах во стартниот тим на „волчицата“. Алжирецот наводно веќе ги договорил и личните услови од трансферот, но останува да се најде заеднички јазик со Лестер. „Лисиците“ веќе ја одбиле првата понуда од 30 милиони евра и инсистираат на отштета од 50 милиони, но во таборот на Рома се убедени дека ќе најдат заеднички јазик и што поскоро ќе го договорат доаѓањето на овој одличен фудбалер на „Олиммпико“.

Defrel è l’attaccante che voleva Di Francesco e che Monchi ha trattato nell’ultimo mese con una serie di incontro intessuti tra l’ad e il ds neroverdi, Carnevali e Angelozzi, e il manager del giocatore Giampiero Pocetta. Defrel si unirà a Boston dalla sua nuova squadra.

Се вчитува...