Рома се откажува од Ријад Марез

Рома нема намера да плати богатство за Ријад Марез, откако раководството на Лестер остана доследно на барањето да заработи 55 милиони евра за својот најдобар фудбалер. Алжирецот достави барање за трансфер и истото беше прифатено, но само за сума што ќе го задоволи ексшампионот на Премиер-лигата.

Марез дури ги договори и личните услови за преселба на „Олимпико“, но се е попусто кога Рома не успева да се договори со Лестер околу висината на отштетата. Првата понуда на римјаните изнесуваше 30 милиони евра, а откако беше одбиена и втората, во висина од 35 милиони евра, директорот Мончи најави дека италијанскиот првак нема ни да се мачи да испраќа трета понуда за Марез.

Испративме две понуди, сметаме дека втората е апсолутно фер за сите заинтересирани страни. Нема проценти, нема зголемувања, или ќе се договориме или не. Лестер не сака да го продаде, но Марез не ни е единствената опција. Точно е дека најверојатно нема да има трета понуда, ги разгледуваме останатите играчи кои се на листата со желби на нашиот тренер“ – изјави Мончи.

Се вчитува...