Италијанскиот калчолигаш Рома тргнува по Доменико Берарди, напаѓачот на Сасуоло, како ново можно засилување, откако „волчицата“ и вторпат доби негативен одговор од Лестер за алжирскиот интернационалец Ријад Марез. Англискиот премиерлигаш бара премногу пари за отштета, спортскиот директор Мончи не сака тоа да си го дозволи, па ќе тргне по Берарди, на барање на тренерот Еузебио Ди Франческо.
Тој фантастично ги познава квалитети на Берарди, со оглед дека заедно работеа во Сасуоло, па сега сака да го има и во составот на Рома. Но, тоа нема да биде нималку лесна мисија за Рома, да го ангажира еден од најпосакуваните млади напаѓачи во Италија. Во редот за неговите услуги се и Јувентус и Интер, а тој има вредност од околу 40 милиони евра.
Покрај Берарди, на списокот на Мончи се уште и Сусо од Милан, Мунир Ел Хадади од Барселона, како и Лукас Аларио од Ривер Плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА