Рома тргнува по Јармоленко

Италијанскиот калчолигаш Рома сака да ја засили навалната линија, откако Мохамед Салах си замина и потпиша за Ливерпул, а легендата Франческо Тоти исто така го одигра последниот меч во дресот на „волчицата“. Новиот тренер Еузебио Ди Франческо сака поширок ростер, но и квалитетни засилувања со кои Рома би била конкурентна во трката за шампионската титула со Јувентус.

По ангажманот на Морено, Карсдорп, Гоналон и Пелегрини, раководството тргнува во нова офанзива. Следен е Андриј Јармоленко, украински репрезентативец и член на Динамо Киев. Ди Франческо исто така го посакува и напаѓачот Дефрел од Сасуоло, кого го тренираше во изминатиот период.

Според информациите од Италија, Јармоленко би можел да пристигне на „Олимпико“ за сума од 17 милиони евра, плус дополнителни бонуси, додека Сасуоло за Дефрел бара 25 милиони евра. За овој фудбалер е заинтересиран и англискиот премиерлигаш Лестер.

 

Се вчитува...