Торино реши да не ја активира клаузулата за откуп на Елиф Елмас од Лајпциг, но лесно може да се случи македонскиот репрезентативец летово сепак да се врати назад во Серија А.
Рома е последниот тим што покажува интерес да го доведе нашиот ас во своите редови, како дел од „ремонтот“ што новиот тренер Гасперини го подготвува во текот на летово. Гасперини ќе има 100 милиони евра за троошење, но ќе мора да покрие неколку клучни позиции во тимот.
На листата потенцијални засилувања се наоѓа и Елмас, кој е веќе докажан на италијанската фудбалска сцена по одличните игри во дресот на Наполи, а потоа и како член на Торино.
Гасперини гледа на Елмас како на идеално засилување за позицијата лев офанзивен фудбалер, но засега нема донесено одлука за испраќање понуда до Лапциг за „дијамантот“. Со оглед на ситуацијата, голема е веројатноста Рома да почека уште извесно време, а потоа да се обиде да го доведе Елмас на позајмица на една сезона, наместо да плаќа најмалку 15 милиони евра за негов перманентен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА