Романија со низа проблеми доаѓа во Македонија: Радои нема да може да смета на петмина фудбалери

Селекторот на романската фудбалска репрезентација, Мирел Радои се соочува со проблеми во својот тим пред гостувањето в среда во Скопје, во пресрет на дуелот со Македонија во квалификациите за СП 2022.

Романските медиуми пренесуваат дека во листата на недостапни фудбалери за Радои е чуварот на мрежата на Романија, Маријан Ајоани.

21-годишниот голман се здобил со повреда и нема да биде дел од тимот што ќе патува за Скопје. Тоа значи дека Романците во Скопје доаѓаат со двајца голмани, Флорин Ниш и Андреј Влад.

За натпреварот во Скопје, Радои нема да смета и на Алибец, Танасе и Драгуш и Ротариу.

Се вчитува...