Откако изминатите неколку дена беше во центарот на светската фудбалска јавност со одлуката да ја напушти португалската репрезентација бидејќи не влезе во игра против Норвешка, Кристијано Роналдо, сега влезе во „војна на зборови“ со радио водител.
Имено, познатиот англиски новинар Пирс Морган, кој е голем пријател со Роналдо, откри каква порака добил од Португалецот по неговото гостување во емисијата „Вајт енд Џордан“ на „Токспорт“ кај новинарот Сајмон Џордан.
„Сакам да ви пренесам една весела порака. На Кристијано Рoналдо му пратив снимка од моето гостување кај Сајмон Џордан, а тој ми одговори: Пренеси му на тој лик да престане со ботоксот, изгледа како јаболко“.
Џордан не остана должен, па веднаш му одговори на Пирс Морган.
„Пирс, немаш никаков кредибилитет. Повеќе никој не сака да го слуша твоето вовлекување кај Роналдо само затоа што мислиш дека ти е пријател. А, што се однесува до ботоксот, би сакал да го користам“.
😡 “Botox!?”
Simon Jordan reacts to Cristiano Ronaldo firing back at him over his clash with @PiersMorgan! 👀 https://t.co/Ag030qQZMT
— talkSPORT (@talkSPORT) October 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
