Роналдо бил на чекор до Јуве, но трансферот пропаднал поради…

Кристијано Роналдо во 2002 година се наоѓал многу близу до преселба во Јувентус, но трансферот пропаднал поради Марсело Салас, кој одбил да замине во спротивен правец и да го засили Спортинг Лисабон. Оваа информација jа објави поранешниот тимски шеф на Јувентус, Џани ди Марцио, кој откри дека Роналдо дури и дошол во Торино на разговори со челниците на „старата дама“, но трансферот не се реализирал поради превисоките барања на чилеанскиот голгетер.

Роналдо имаше само 18 години, но беше јасно дека поседува огромен потенцијал. Им се јавив на газдите на Јуве и им реков дека видов играч што може да стане најдобар во светот, најдобар по Марадона. Зборував со Кристијано и го донесов во 2002 година во Торино за да потпише, но преговорите пропаднаа поради Марсело Салас. Чилеанецот не ги прифати условите на размената со која требаше да замине во Спортинг, целиот трансфер пропадна за неколку милиони евра што Салас сакаше да ги добие при заминувањето. Ова е жива вистина, може да ја потврди и агентот на Кристијано, Жорге Мендеш“ – истакна Ди Марцио, кој беше задолжен за трансферите во Јувентус во периодот од 2001 до 2006 година.

Сето останато е историја, Роналдо потоа од Спортинг замина за Манчестер јунајтед, а во 2009 година се пресели во Реал Мадрид, тим со кој доминира на светската фудбалска сцена.

Се вчитува...