Роналдо: Бројот „1000“ не ме оптеретува, но знам дека можам и ќе стигнам до него

Кристијано Роналдо не крие дека сака да ја достигне неверојатната бројка од 1.000 голови во кариерата. Тој особено би сакал тој јубилеен гол да го постигне во дресот на португалската репрезентација.

Роналдо моментално има постигнато 979 гола.

Кога го прашаа дали би претпочитал да го постигне својот 1.000 гол за Португалија или за својот клуб Ал Наср, тој немаше дилеми.

„Го знаете одговорот, нели? За репрезентацијата, се разбира. Како што рече селекторот пред неколку дена, тоа би било како шлаг на тортата. Постигнувањето на илјадитиот гол за репрезентацијата би било врв на се. Уште една убава приказна. Тоа не би било дефинитивен крај, но би било убава приказна. Веќе признав дека сакам да стигнам до 1.000 гола и ќе го постигнам тоа. Тоа не е опсесија. Никогаш не правам ништо од опсесија, бидејќи кога правиш нешто опсесивно, работите обично не излегуваат онака како што сакаш“, изјави Роналдо. 

Се вчитува...