Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо за првпат отворено призна дека актуелната сезона би можела да биде последна во неговата богата професионална кариера.
Запрашан за тоа уште колку долго планира да биде активен на терените, Роналдо не сакаше да даде конкретен одговор, но ги загрижи своите бројни навивачи ширум светот оставајќи ја отворена можноста за скорешно пензионирање.
„Дали ова ќе биде моето последно поглавје? Можеби, не знам. Ова би можела да биде мојата последна сезона“, изјави Португалецот.
Тој објасни дека конечната одлука за повлекување од фудбалот ќе зависи исклучиво од неговата психофизичка кондиција во следниот период.
„Ако телото ми дозволи, ако и главата ми дозволи и ако продолжам да бидам во добра форма, тогаш не знам. Не знам што ќе се случи“, додаде Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
