Роналдо е повторно херој на „ Старата дама“, Јувентус се враќа на победите

Јувентус го победи тимот на Кротоне во 23. коло во Серија А. Херој на тимот од Торино уште еднаш е првата ѕвезда во Јуве, Кристијано Роналдо, постигнувајќи два гола. Со 3-0, играчите на Пирло по неколку киксови, конечно се враќаат на победничките патеки.

Во првото полуверме фудбалерите на Јувентус навидум имаа тешка задача да го срушат тврдиот отпор на Кротоне. На самиот почеток, фудбалерите од Торино имаа поголем посед на топка и неколку удари во рамките на голот, но без успешна реализација. Сепак, тогаш кога се чинеше дека по првите 45. минути нема да видиме гол, настапи на сцена Кристијано Роналдо, кој за само осум минути постигна два гола за предност на Јуве од 2-0.

Расположениот Португалец обезбеди мирен натпревар на Пирло и неговиот тим. Јуве ја имаше целосната контрола на овој дуел, а рутинската победа ја запечати Вестон МекКени, кој во 66. минута ги постави конечните 3-0.

Оваа победа донесе нови три бода за Јуве и обезбедување на третата позиција во Серија А, па сега тимот на Торино засотанува 8 бода од лидерот Интер.

Се вчитува...