Роналдо еуфорично: „Се вратив, се вратив…“, па доби ироничен одговор од Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието откако ги замолчи критичарите со два гола во победата на Португалија, а Златан Ибрахимовиќ ја коментираше неговата изјава дека се „вратил“.

По бледата игра и ремито 1-1 против Конго во првиот натпревар, португалската јавност и аналитичарите бараа 41-годишниот напаѓач да биде преместен на клупата.

Дебатата за улогата на Роналдо во тимот на тренерот Роберто Мартинез стана главна тема во Португалија, но одговорот дојде многу брзо. Во второто коло од Групата К, Португалија го декласираше Узбекистан со 5-0, а Роналдо постигна два гола и барем привремено ги замолчи оние што го отпишаа.

По натпреварот, Роналдо погледна во камерите и рече:

„Се вратив, се вратив!“ – потоа дополнувајќи: „Рекоа дека треба да се пензионирам, но јас сум тука. Секогаш има надворешен шум, но не можеме да го контролираме. Продолжуваме понатаму и сме обединети.“

Златан Ибрахимовиќ, пак, ја коментираше целата таа ситуација…

„Тоа беше натпревар каде што Португалија требаше да биде ефикасна и да постигне многу голови“, рече Ибрахимовиќ, а потоа додаде реченица која веднаш привлече големо внимание:

„Не знам зошто рече дека се вратил. Мислев дека никогаш не си заминал“.

Интересно е што Ибрахимовиќ коментираше и за настапот на Лионел Меси претходниот ден.

„Пет гола на два натпревари, а јас имам нула голови на две светски првенства. Неверојатно. Нема зборови“, рече тој тогаш.

Се вчитува...