Кристијано Роналдо постигна два гола во убедливата победа на Португалија од 5-0 над Узбекистан, но неговиот потег во микс-зоната за врема на задолжителните изјави за медиумите, привлече внимание по натпреварот.
Португалецот на терен одговори на критиките по нерешениот резултат со Конго, но по мечот не сакаше да зборува за Лионел Меси.
Еден од новинарите се обиде да му постави прашање за головите на Меси на Светското првенство, но Роналдо не одговори.
Немаше нервоза, немаше коментар, немаше ниту најмал обид за одговори. Капитенот на Португалија само продолжи, повикувајќи на следно прашање…
Снимката брзо заврши на социјалните мрежи, при што навивачите веднаш почнаа да дебатираат дали Роналдо намерно го игнорира прашањето или едноставно не сакаше да се занимава со темата – Лионел Меси. Иако видеото јасно откри сè…
RONALDO OPENLY JUST IGNORED A JOURNALIST WHO TRIED TO ASK HIM ABOUT MESSI’S MASTERCLASS YESTERDAY. 😂pic.twitter.com/P5kRvdkALt
— MC (@CrewsMat10) June 23, 2026
За љубителите на фудбалот, пак, и тоа како Мундијалот е повторно возбудлив откако Роналдо и Меси повторно се меѓу главните теми на турнирот. Аргентинецот веќе постигна пет гола на два натпревари, додека Роналдо му возврати со два гола против Узбекистан и запишување во историјата како прв фудбалер кој постигнал барем по еден гол на шест едноподруго светски првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
