Јувентус е најомразениот клуб под Везув, а за навивачите на Наполи, победата над „бјанконерите“ значи повеќе од живот. Со оглед на нетрпеливоста и ривалството во минатото, беше незамисливо домашните играчи да влезат во соблекувалната на гостите, сепак тоа почнува да се менува.
Прв кој ги прегази овие навики беше Виктор Осмихен, кој имаше голема желба да направи заедничка фотографија со еден од најдобрите играчи во светот на фудбалот и да му го земе дресот на Кристијано Роналдо.
Осмихен влегол во соблекувалната додека Роналдо бил на масата за масажа, но тоа не го спречило КР7 да ја исполни желбата на младиот 22-годишен Нигериец. Имено, Осмихен од Португалецот побарал дрес и заедничка фотографија, а најпопуларниот денешен спортист со задоволство му возвратил, како што може и да се види на фотографијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА