Роналдо: Кога ќе помислам дека Мбапе во Реал ќе заработува 50 милиони евра годишно, разбирам дека сум играл во погрешно време

Бразилската легенда, Роналдо Назарио важи за еден од најдобрите во својата генерација, но денес фудбалерите заработуваат огромни суми, нешто што не беше случај во минатото. Роналдо денес е сопственик на шпански Реал Ваљадолид, а во разговор за шпанските медиуми зборуваше и за најавениот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид.

Вчера германски „Билд“ објави дека се е завршено околу трансферот на Мбапе Реал и дека Французинот ќе заработува 50 милиони евра годишно.

„Мбапе е фантастичен, има неверојатна брзина и одлична завршница. Очекувам во еден момент сигурно да биде најдобар во светот. Прочитав дека оди во Реал и ќе заработува 50 милиони евра годишно. Ние игравме во погрешна генерација. Фудбалската индустрија пребрзо расте“, заклучи Роналдо.

Се вчитува...