Роналдо му прави проблеми на Јунајтед: Го кани добриот пријател во Ал Наср

Кристијано Роналдо е исфрустриран од немоќта да освои трофеј со Ал Наср, па португалскиот ас побарал од челниците на својот клуб да донесат врвни засилувања во текот на летово. А на првото место на листата со желби на Кристијано се наоѓа неговиот сонародник и поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Бруно неодамна изјави дека не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“ и по завршувањето на сезонава, а неиграњето во ЛШ сигурно ќе биде една од причините Фернандеш да ги разгледа состојбите на пазарот. Мал е бројот на европски гиганти кои се подготвени да платат богатство за да го доведат португалскиот плејмејкер во своите редови, но парите дефинитивно нема да бидат никаков проблем за Ал Наср.

Саудиските шеици се подготвени на се за да ги исполнат желбите на Кристијано, па сума од 80 милиони фунти за Фернандеш, кој би бил главен адут за титула во новата сезона, е неговиот мегатрансфер би била нова „реклама“ за фудбалот во Саудиска Арабија.

„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе успеат да го убедат Фернандеш да остане, впрочем тој има уште две години од актуелниот договор, но доколку Португалецот инсистира на заминување логично ќе биде англискиот тим да настојува да заработи што повеќе, ситуација од која во преден план би излегол токму Ал Наср.

Се вчитува...