Роналдо на прашањето дали завршува со репрезентацијата: Не е време да се зборува за тоа!

Според многумина фудбалски аналитичари на Стариот континент натпревар против Уругвај за Кристијано Роналдо беше последниот во дресот на португалската репрезентацијата. Токму тоа беше и една од темите по завршувањето на мечот во Русија, но Роналдо не сакаше прецизно да одговори…

„Сега не е момент да се зборува за тоа. Сигурен сум дека Португалија и во иднина ќе биде една од најдобрите светски селекции. Имаме група на млади фудбалери желни за докажување и убеден сум дека ќе освојуваат многу трофеи во иднина“ – истакна Роналдо.

А, како што е познато, во многу наврати претходно ЦР7 постојано нагласуваше дека сака да игра фудбал до 40 години. Па, сигурно желбата на португалските навивачи е да го видат во националниот дрес и на СП 2022 во Катар.

Се вчитува...