„Роналдо најдобар? Тој не е ниту меѓу првите пет во историјата“

Антонио Касано повторно предизвикува контроверзии давајќи изјави за Кристијано Роналдо. Поранешниот италијански фудбалер кој играше за Реал Мадрид, Рома, Сампдорија, Интер, Милан, рече дека за него Роналдо не е ниту меѓу првите пет во историјата.

„Доста со тој театар. Роналдо најдобар во историјата? Тој не е ниту меѓу најдобрите пет. За мене Меси, Пеле, Марадона, Кројф и феноменот Роналдо се на друго ниво“, рече Касано.

Зборувајќи за сегашната ситуација во фудбалот и трансферите, кажа дека само прашање на ден е кога Халанд ќе му се приклучи на Реал Мадрид.

„Ми рекоа дека Баерн сака да го ангажира Халанд, а дека Левандовски сакал да оди во Реал. Реал сака да ангажира напаѓач за неколку години, а не за една до две. Затоа Халанд еден ден ќе биде дел од Реал, 100% сум уверен“.

Касано пред неколку месеци кажа дека Роналдо е истрошен играч. 

Се вчитува...