Роналдо: Некои сакаат да ме убијат, но им треба добро оружје за тоа!

Кристијано Роналдо се најде на списокот на Жорже Жесус, новиот селектор на Португалија, на 41-годишна возраст, иако многумина очекуваа да се повлече од репрезентацијата.

Кога го прашаа што би сакал да избере – трофејот од Лигата на нации или магичната граница од 1.000 постигнати голови во кариерата – тој немаше дилема.

„Ги бирам и двете. Сакаме да ја освоиме оваа Лига на нации. Ова е нова ера. Ја користам можноста да му честитам на г-дин Мартинез за одличната работа. Беше исклучително тешко за него како странец, особено со постојаните напади на кои беше изложен. Сега започнува нова ера со Жорже Жесус и сигурен сум дека ќе заврши одлична работа. Жесус е совршен избор, тој носи поинаква тактика и наш јазик. Полн сум со самодоверба, тимот е подготвен и имаме долг пат пред нас, и убеден сум дека тренерот е најдоброто можно решение и дека ќе остане тука со години.“

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот не ја пропушти можноста да одговори на критиките на одредени медиуми и дежурни скептици…

„Толку години сум во фудбалот и практично насекаде ме пречекаа на вистински начин. Некои медиуми сакаат да ме нападнат и да се обидат да ме убијат, но немаат шанса. За нешто такво, би им требало добро оружје, па дури и тогаш би успеал да избегнам куршум. Навикнат сум на тоа. На стадионот „Драгао“ сепак би ги разбрал свирежите поради соперништвото, на „Луж“ не, но фактот дека неколку луѓе не ме сакаат воопшто не ме засега“, рече португалскиот капитен.

Се вчитува...