Кристијано Роналдо изјави дека сè уште му е рано да го затвори поглавјето со португалската репрезентација.
Португалците разочараа со настапот на Светското првенство кое се одржа летово, беа елиминирани во осминафиналето од Шпанија која подоцна ја освои титулата, а 41-годишниот Роналдо на медиумите им ги откри амбициозните планови за Лигата на нации со што потврди дека нема намера да се повлече од репрезентацијата наскоро.
„Мојата следна цел е да ја одбранам титулата во Лигата на нации и да дојдам до бројката од 1.000 голови во кариерата“, изјави Роналдо.
🚨🇵🇹 Cristiano Ronaldo: “The missions now are two: winning the Nations League and reaching 1000 career goals”. pic.twitter.com/GicaEIOrUl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 23, 2026
Португалецот во досегашната кариера постигна 979 голови, 833 за клубовите во кои играше и 146 за португалската репрезентација со која минатата година триумфира во Лигата на нации.
Тој не даде конкретен одговор дали 2027 година би му била последна во кариерата.
„Дали Лигата на нации ќе биде моето последно поглавје во португалската репрезентација? Не знам, можеби. Доколку телото и умот ми дозволат, и доколку се уште сум во добра форма, не знам дали ќе запрам. Не знам што ќе се случува“, изјави Роналдо.
Португалија новата сезона во Лигата на нации ја започнува пред своите гледачи против Велс. ВО групата се уште и селекциите на Норвешка и Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
